Vocational Training Institutute ECOSOLAR

Институција за стручна обука  ЕКОСОЛАР

English  

Makedonski
 

За нас
Новости
Обуки во 2021 г.
СОУ Коле Нехтенин
Обуки во 2019 г.
Тренинг центар
Теорија предавање
Посета на фирми
Успешни приказни
Е - книги
Големина на сол.енергија

Golemina na son~evata energija vo svetot i Makedonija

Енергијата на сончевото зрачење е најобилен, неисцрпен, бесплатен и обновлив извор на енергија, кој не ја загадува околната средина. Меѓутоа, има два основни недостатоци и тоа: има мала густина на енергетскиот флукс и е непостојана.

Сонцето е основен извор на енергијата на сончевото зрачење. Надворешниот слој на Сонцето зрачи огромна енергија во свемирот. Густината на протокот на сончевото зрачење на површината на Сонцето изнесува 63 MW/m2, а измерена на надворешната страна на земјината атмосфера, на површина нормална на сончевите зраци, се менува (поради тоа што земјината орбита е елиптична) и изнесува од 1308 до 1389 W/m2.

Средната густина на протокот изнесува 1353 W/m2 и се вика сончева константа.   

Утврдено е дека 1 m2 хоризонтална површина на Земјата во лето на пладне, прима максимално околу 1000 W сончева енергија. Според тоа низ атмосферата, заради рефлексија и апсорпција, интензитетот на сончевото зрачење се намалува за околу 400 W.

Интензитетот на сончевото зрачење на површината на Земјата зависи од времетраењето на светење на Сонцето во текот на денот и аголот на сончевите зраци кон хоризонталната рамnина. И двете големини, за одредено место на Земјата, се многу променливи и тоа не само во текот на годината, годишното време и месецот, туку и во текот на денот.

На површината на Земјата пристигнуваат две компоненти на сончевото зрачење и тоа:

-         една која доаѓа директно од Сонцето и се нарекува директно сончево зрачење, и

-         втората која настанува со растурање на директното сончево зрачење во атмосферата и се нарекува индиректно, или дифузно сончево зрачење.

Заради големиот број на облачни и магловити денови во зимскиот период, поголемиот дел од сончевото зрачење на површината на Земјата пристигнува во облик на дифузно зрачење. Но, дифузното сончево зрачење постои секогаш во атмосферата, дури и во текот на нај ведрите денови. Ова дифузно сончево зрачење понекогаш достигнува и до 10 % од директното сончево зрачење.

 

KAРАКТЕРИСТИКИ НА СОНЧЕВОТО ЗРАЧЕЊЕ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Република Македонија е подрачје во кое, според досегашните мерења, интензитетот на сончевото зрачење е поволно за добивање на енергија.

Глобалното сончево зрачење во Р. Македонија е максимално во југозападниот планински регион и неговата максимална годишна вредност изнесува околу 1500 kWh/m2.

 

 

14-May-21

  web counter